Младата струмичка одбојкарка Софија Ричлиева ова одбојкарска сезона ќе ги брани боите на турски Бешикташ кој обезбеди право на учество во ЦЕФ Челенџ Купот откако минатиот месец го освои балканскиот КУП со победата против романскиот ЦСМ Лугој.
Ричлиева која има 18 години веќе два дена тренира со првиот состав на Бешикташ – клуб кој ова првенствена сезона има огромни амбиции не само во домашниот шампионат така и на меѓународна сцена
Софија Ричлиева која потекнува од одбојкарско семејство има настапувано за Македонија Макс но и во Волеј Ро во Италија и турските Орду и Бујукчмече. Бешикташ лани ја освои шестата позиција но ова сезона осетно се засили.
,, Полека се вклопувам во новата средина. Станува збор за голем клуб во кој поминале повеќе големи одбојкарски имиња. Бешиткаш ова сезона има намера да атакува да ја освои шампионската титула во Турција но да стасаме и до финалето на европскиот Челенџ Куп,, кусо ни изјави техничарката од Струмица Ричлиева која ќе дебитира на 3 ноември против Фенербахче
Софија е ќерка на Кирил Ричлиев човекот под чија палка ОК Струмица изминативе години е во врвот на македонската одбојка во сите категории
На 16 септември ОК Бешикташ го освои Балканскиот КУП