Ракометарите на струмички Астраион блескаа во спортската сала Парк во седмото првенствено коло од Првата ракометна лига на Македонија Група 2. Забележаа победа против лидерот и непоразениот Металург Јуниор со резултат од 24 : 17, во меч во кој доминираа струмичките деца и нивните ракометни мајстории
Пред околу 1500 посетители во салата Парк, избраниците на Димитар Пандев приредија вистинско ракометно уживање Првите минути најавуваше неизвесност но на сцена стапија домаќините а пред се расположениот голман Васил Гогов кој со своите одбрани стана енигма за јуниорите на Металург.
Астраион резултатски се одлепи. Почна да ,, бомбардираат ,, преку Иванче Ончев и Стојан Стојанов и обезбедија предност од 5 гола 12:7 резултат кој стана официјален по првото полувреме
Гогов беше несовладлив и во второто полувреме кој ги урна надежите на гостите за резултатско приклучување. Предноста на Астраион се зголемуваше и стаса до плус 11 ( 21:10) . Димитар Пандев дадоа шанса на вториот состав на ракометари кои успеваа да ја задржат предноста а на голот добар беше и Мартин Перовановиќ.
Ончев постигна 9, Стојанов 5 гола а голови постигнаа и надежниот Ѓорги Касапов кој трипати ја тресеше мрежата на Металург, Живко Стојанов двапати а по еден реализираа и Борче Кочев, Александар Велков, Александар Беџовски , Дарко Катранџиев и Миливој Котевски
Со ова четврта победа – астраионци остануваат на врвот на прволигашката табела зад Металург и Вардар од Неготино