Во општинскиот центар Василево, се одржува традиционалниот Велигденски турнир во мал фудбал. Веќе поминаа два дена од овој турнир на кој според постигнатите резултати секој ден паѓаат по 40 голови во мрежите на екипите. Годинава на овој турнир учестуваат 12 екипи во мал фудбал исклучиво од ова општина. Покровител е локалната самоуправа на Василево со Градоначалникот Ванчо Стојанов а организатор е ФК Василево. Учество во турнирот имаат пријавено вкупно 12 екипи. Натпреварите се играат на игралиштето на ООУ „Гоце Делчев“ Василево, со почеток во 18,00 часот. Финалните натпревари ќе се одиграат во понеделник, 02.05.2016 год. на вториот ден од празникот Велигден.