Согласно програмата за изградба на патишта и улици за ова година, општина Василево денеска асфалтираше улица во населеното место Седларци. Станува збор за улицата што води кон селската црква во Седларци и според информациите е целосно завршена. Улицата е долга седумдесетина а широка четири метри и како што кажа градоначалникот на Василево Марјан Јанев е во функција на жителите од ова населено место, бидејки самите ја ставиле како приоритет.
,,Улицата е согласно потребите на жителите на Седларци кои истакнаа дека е приоритет бидејки црквата се наоѓа над селото и до неа се стасуваше по колски пат . Како локална самоуправа не отстапуваме од намерата целосно да ја подобриме инфраструктурата во сите населени места на општина Василево, бидејќи наша единствена цел е подобрување на условите за живот на сите наши сограѓани“, истакна градоначалникот на Василево Марјан Јанев.
Во наредниот период ќе се асфалтираат и улици во Василево во должина од 100 метри но и улица во Нова маала во должина од 300 метри во т.н. Горна маала. Асфалтирањето на овие три улици се врши со срества од Буџетот на општина Василево и чини околу милион и сто илјади денари