Ученичките од здравствената струка при СОУ ,, Димитар Влахов,, од Струмица Ѓургица Маркова и Адријана Стојчевска под менторство на професорката по ликовна уметност Љупка Галазка Василев изработија фустан од природни матријали и јајца насловена како ,, Велигденска гарденија,,. Станува збор за креација изработена во пресрет на Велигденските празници кои ќе го краси влезот на училиштето. Со ова креација направена од зимзелени гранки испреплетени со велигденски јајца и корсет од дрво, изработена преку креативниот центар на Димитар Влахов се дел од промицијата на еко политиките на училиштето кое е меѓу најдобрите еко училишта во Р.М.