ФК Мак Струмица деновиве зеде учество на турнирот Кочани Оризарски куп со три генерации (2005, 2007 и 2009) на кој настапуваа екипи од Македонија, Србија и Бугарија. Најмладите го постигнаа најголемиот успех. Генерацијата 2009 стаса до малото финале каде беа поразени од екипата на Фамос од Скопје со што го освои 4 место . Во борба за големото финале децата на Мак Струмица беа празени од Постолов Пандев
,, Како најмлад клуб бевме дебитанти на турнирот и ова е за нас голем успех но и искуство повеќе. Горди сме на нашите деца кои по квалитет не заостануваат од останатите клубови и академии,, кажаа од ФК Мак Струмица
Со генерацијата 2007 Мак Струмица се пласираше во четвртфиналето додека со генерацијата 2005 претрпеа пораз од Матаруге од Србија
,, Ваквите игри и резултати ќе не мотивираат да работиме уште повеќе. До крајот на летото ќе земеме учество на уште неколку турнири а од септември почнуваме со натпревари во детската лига,, кажаа од ФК Мак Струмица