Дебитантот во елитното женско одбојкарско натпреварување, Виктори Волеј со победа го започна прволигашкиот шампионат на Македонија. Славеше против градскиот ривал Наковски волеј со 3:1 во сетови и го направи најголемото изненадување во првото коло презентирајки се како тим кој нема да биде лесен залак за прволигашите во земјава.
Девојките на Кире Јанков предводени од искусните Илков, Димитриева и Василеваодиграа одлично во сите четири сета. Одлично се покажаа и младите Гошева, Иванова, Додевска и Владевска а одвреме навреме им помагаа и Крстева,Костадиновска и Каралијска. Сите тие презентираа игра во која Наковски волеј не успеа да се пронајде.
Виктори В. првиот сет го освои со 25:17. Во вториот беа уште подоминантни со 25:13. Наковски Волеј возврати во третиот сет добивајки го со 25:20. Последниот, четврти сет беше и највозбудлив. И двата тима се менуваа во водство .Виктори сакаше сигурна победа, Наковски се обидуваше за тај брејк, но на крај се радуваа домаќинките со 25:23 за конечини 3:1
Наковски одигра под своите можности иако имаше огромна подршка од трибините каде посетителите со аплаузи го поздравуваа секој освоен поен. Салата Партизан беше претесна и постојано се скандираше те за Виктори те за Наковски волеј. Но сепак првото градско дерби го добија девојките предводени од Јанков и Илков