Учениците од ООУ ,, Гоце Делчев,, од Василево предводени од професорот по физичко и здравствено воспитување Алма Хасанова, постигнаа високи резултати на последното Државно првенство во атлетика за основни училишта во Куманово. Најголем успех постигнаа атлетичарите и тоа во штафетата 4×100 метри во машка конкуренција, каде основците од Василево ја освоија бронзата а малку недостасуваше да се вратат и со сребро. Штафетата во состав Бојан Атанасов, Васко Иванов, Илија Попов и Васко Илиев , најпрво изборија пласман во финалната трка во ова дисциплина за да на крај низ целта да поминат како трети и ги освојат бронзените медали.
Учениците од ова училиште како што информираа од таму одлични резултати постигнаа и на 600 метри во женска конкуренција каде Славица Стојанова беше шеста а шестото место го освои и Антонио Димитриев во скок во далечина.