Заради зголемување на безбедноста во сообраќајот на булеварот ,,Маршал Тито” во Струмица а по барање на граѓаните, правоаголните фонтани вдолж булеварот Маршал Тито ќе станат зелени површини. Вака подвлече градоначалникот Костадин Костадинов откако деновиве екипи на ЈП Комуналец ги полнат фонаните со песок и земја. Според Костадинов причина за ваква одлука била и дотраената инсталација на фонтаните и честите дефекти бараат големи средства за одржување.
Костадинов најави дека кружната фонтана кај поштата ќе се реконструира а ќе се градат нови водени површини по препорака на стручните луѓе
Фонтаните беа изградени пред 14 години кои на централното градско подрачје требаше да му дадат нов лик. Но со тек на годините стануваа се понефункционални од првичната идеја па младите струмичани честопати преку летниот период ги користеа за освежување