34 основни и средни училишта од Македонија денеска потпишаа договори со Фондот за иновации и технолошки развој, преку вториот јавен повик „Предизвик за млади истражувачи 2“.
За реализација на проектите на младите иноватори за овој повик обезбедени се 6 милиони денари. Меѓу наградените училишта на вториот повик нема ни едно од југоистокот од Македонија.
Премиерот Зоран Заев истакна дека владата е посветена на поддршката на младите истражувачи, со цел да се остварат нивните идеи и да се реализираат нивните креативни решенија за секојдневните проблеми и прашања со кои се соочуваме сите.
Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски при церемонијата истакна дека ФИТР веќе втора година реализира Предизвик за млади истражувачи.
Преку првиот повик од програмата финансирани беа два проекта на СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица: „Намалување на штетното влијание на јаглерод диоксидот со користење на еколошки филтер на издувните гасови кај автомобилите“ со 171,805,00 денарии за проектот „Индиго Росе – вид на црн патлиџан кој се одгледува во регионот на Струмица“ со награда од 225,000.00 денари.
ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш за проектот „Економична инкубација на јајца од загрозени видови на птици“ преку првиот повик доби 300 илјади денари.