На 31 мај и 1 мај во Гевгелија ќе се одржи Филмскиот фестивал за млади„Џифони патува во Гевгелија. Фестивалот е наменет за младите филмски фанови во земјата и ја промовира идејата на познатиот „Џифони Експирианс“ од Италија. Во текот на двата филмски денови во Гевгелија, младите вљубеници во филмот ќе гледаат филмови, ќе дискутираат и ќе креираат преку посебните работилници. Фестивалот се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и фестивалот „Џифони Експириенс“, а во соработка со општина Гевгелија и Италијанската амбасада во нашата земја.
Младинскиот филмски фестивал “Џифони Македонија” е филијала на најважниот културен настан за млади луѓе во светот @ Giffoni Experience Film Festival. Младинскиот филмски фестивал “Џифони Македонија” започна во 2013 година како иницијатива на Клаудио Губитоси, уметнички директор и креатор на филмскиот фестивал Џифони со билатерален договор со Агенцијата за филм на Македонија. Недостатокот на млада публика во кината и театрите во Македонија беше од суштинско значење да се направи фестивал за млади, но денес фестивалот станува многу поважен за младите луѓе отколку што се очекуваше на почетокот.
Фестивалот е вистинско искуство за младите луѓе со за кои се организираат проекции, дебати, работилници, концерти, панели и целокупно вклучување на градската заедница. Фестивалот ќе се одржи во Домот на културата во Гевгелија. Свеченото отварање е во петок, 31 мај во 10 часот со проекција на филмот „Лос Бандо“, и продолжува со работилница, додека наредниот ден ќе биде прикажан филмот „Несовршена возраст“.