Од Клиниките за нефрологија и урологија информираат дека двајцата пациенти, на кои им беше извршена трансплантација на бубрези, се во добра здравствена состојба. Во петокот, 31 јули, беа експлантирани два бубрега од 46-годишен пациент со констатирана мозочна смрт и беа трансплантирани кај 35г-одишна жена и 60-годишен маж.
По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија.
„По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија. Нивната здравствена состојба е стабилна, под континуиран надзор и грижа од страна на лекарскиот тим. Задоволен сум што во изминатите три години изведовме 55 трансплантации, од кои 10 од починат дарител. Во екот на пандемијата на Ковид-19 продолжуваме со реализација на Програмата за трансплантација. Кон крајот на мај изведовме прва трансплантација на срце. Со ова пациентите имаат нова шанса за живот. Овозможуваме квалитетна здравствена заштита за сите граѓани“, изјави министерот Филипче.
извор: Макфакс