• Fri. Nov 22nd, 2024

Филипче: Не смее да има никакво групирање на граѓаните за празникот, сите доследно да се придржуваат до мерките

ByВане Трајков

Apr 17, 2020

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на синокешната редовна прес-конференција, која се одвиваше преку онлајн видео комуникација, побара да нема никакво групирање на граѓаните за празникот и сите доследно да се придржуваат до мерките

„Дозволете на крајот да укажам и на некои работи, да изразам став за собирањата на празникот Велигден. Категорично останувам на ставот, дека не смее да има било какво групирање на граѓаните и дека доследно тие треба да се придржуваат до препораките. Влегуваме во најкритичната фаза на епидемијата каде бројот на новодијагностицирани очекувано расте, меѓутоа ние не смееме да дозволиме овој број дополнително да го оптовариме и да дадеме шанса да понатаму и за две недели од сега, заради овие групирања, да ни се јават нови пациенти во нашата земја. Сите имаме одговорност, оваа форма на групирање воопшто не ја одобрувам, собирања од било каков тип се огромен ризик. И апелирам до граѓаните, ова да го сфатат многу сериозно, да го прослават празникот соодветно на состојбата и да се придржуваат до препораките“, потенцираше министерот Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *