Со оглед дека летото е зад нас, а ризикот кој ја носи есента може да донесе на зголемен број на заразени од коронавирусот, разгледуваме воведување на нови мерки, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
Тој уште еднаш повтори дека главна причина за ширењето е непочитување на мерките.
„Од анализите на епидемиолошките анкети на новозаразените, главната причина за новозаразени се должи на непочитување на мерките, групирање, семејни прослави.
Граѓаните заборавија на важноста на почитување на мерките и последиците од нивното непочитување. Летото е зад нас, и стабилниот период завршува. Ризик е есента, аларм, дека мора сериозно да делуваме.
Во следниот период ќе ги засилиме контролите за спроведувае на мерките, и сите инспекторати и инсистуции задолжени за почитување ќе работат на тоа, ситуацијата мора да се сфати сериозно.
Следните денови ќе информираме за можни нови мерки, а дел од мерките кои ги разгледуваме здолжително носење на отворено, ограничување на бројот на маси во угостителски објекти, ограничен број на луѓе во угостителски објекти и ограничен број на луѓе при групирање, прецизен протокол за работа на угостителските објекти, евентуално намалување на капацитетот на јавниот превоз“, рече Филипче.
извор:http://tv21.tv