• Fri. Nov 22nd, 2024

Филипче во преговори со младите лекари за да се вкучат во работата на ковид-центрите

Министерот за здравство доцент д-р Венко Филипче утрово се сретна со младите лекари кои се на приватна специјализација на клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, Клиниката за уво нос и грло и Кожната клиника кои саакаат доброволно да се приклучат во работата во ковид центрите на овие клиники. Станува збор за триесетина млади лекари чија помош ќе биде добредојдена на инфективните одделенија.

„Како министер за здравство и како лекар ценам што покажавте желба и спремност да се влучите во работата во ковид центрите сега кога за тоа има голема потреба. Во тешки времиња се покажуваат желбата и спремноста на луѓето и тоа е за почит“, рече министерот Филипче. Во тек на денот ќе се направи распоред за ротација на сите млади лекари и ќе бидат вклучени во работата во ковид центрите.

Министерот потоа оствари средба и со претставници на млади лиценцирани лекари со кои исто разговараше за нивен ангажман во здравствените установи низ цела држава. До крајот на неделата треба да се допрецизираат условите на оваа група лекари за нивно приклучување во работата во ковид одделенијата и болниците низ државата.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *