На 3.3.2024 во 01:30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул. „22 Октомври” во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С.(18), А.М.(18) и И.Е.(18), од една страна и А.Н.(19), С.Д.(20) и М.И.(18), од друга страна, сите од Радовиш.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во 01:30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во близина на крстосницата од бул.„Александар Македонски” и ул.„22 Октомври” во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.А.(18) од село Дедино, општина Конче и К.Д.(23) од Радовиш.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.