• Sat. Nov 23rd, 2024

,,Фантомите,, од Македонија ќе почнат да се евидентираат од 1 ви април

,,Фантомите,, од Македонија ќе почнат да се евидентираат од 1 ви април.Лицата кои досега немаа никакви документи за идентификација, ниту пак беа евидентирани во матичните книги на родените од 1 ви април ќе можат да се пријавуваат во управата за водење матична евиденција.

Министерството за труд и социјална политика и управата за матична евиденција упатија повик од 1 април во наредните шест месеци за сите нерегистрирани лица да се пријават во матичните служби во подрачните единици.

Според Министерството за труд и социјална политика, околу 500 Роми се правно невидливи, но невладините ромски организации тврдат дека нивниот број е над 2000.

Иако законски не смее да има граѓанин без здравствено осигурување, ниту да е надвор од образовниот систем, освен што ја спроведе акцијата за регистрирање на овие лица, државата се уште не наоѓа начин да го реши проблемот, а со тоа го прекршува и основното човеково право за државјанство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *