Денеска (15.12.2022) во 09.55 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Џ.Р.(27) од Штип. За него била распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Струмица, а бил баран за доиздржување на затворска казна од две години за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.
,,Лицето ќе биде спроведено во Затвор Струмица за доиздржување на казната,, стои во информацијата на СВР Струмица