За два часа ќе се знае дали примениот пациент на Инфективната клиника во Скопје има корона вирус или не.
Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека пациентот пристигнал од Дубаи со симптоми на корона вирус. Но подетални информации за неговата здравствена состојба ќе се знаат во текот на денот. Филипче апелираше до граѓаните кои допатувале во земјава а чувствуваат симптоми на грип да се јават на телефоните во центрите за јавно здравје.