На 12.10 и 13.10 се одржа Камп на Иновации во кој учество заземаа ученици од 8 средни училишта и имаа задача да креираат иновативен бизнис план.
Учениците од СОУ„Никола Карев“ Струмица напорно работеа на предизвикот и креираа иновативни бизнис планови.
Ангела Атанасова III-2 беше дел од прво наградениот тим.
Давид Димитриев и Ангела Витанова III-8 беа дел од второ наградениот тим.
Зуица Танчева III-2 беше дел од трето наградениот тим.
СОУ Никола Карев од Струмица и оваа година ќе земе учество на националниот натпревар за ученичка компанија кој ќе се одржи во април 2024 во Охрид. За таа цел, наставници од повеќе средни стручни училишта учествуваа во Обука за спроведување на програмата за ученичка компанија.