Општинската зграда денеска беше полна со деца. Ученици од ООУ „Сандо Масев“ практично го проверуваа научениот материјал по предметот Општество, посебно за работата на Градоначалникот и Општината.
По разгледувањето на општинската зграда 100 деца се собраа Младинскиот центар.
Децата беа љубопитни работата на градоначалникот, работата на општинската администрација, но и си ги кажаа нивните желби и потреби.