Учениците од музичкото училиште „Боро Џони“ уште еднаш го потврдија својот квалитет. На меѓународниот натпревар по гитара кој по 20-ти пат се одржа во Ќустендил, Република Бугарија, се вратија со две први и една втора награда. Жирито беше составено од претставници на повеќе држави, а во него беше и м-р Васко Пиличев, професор во музичкото училиште „Боро Џони“.
На натпреварот учествуваа повеќе од 150 ученици и студенти од неколку држави, а нашите сограѓани се вратија со вредни награди.Стојан Стојанов освои прва награда во конкуренција до 15 години, дуото гитари Стефан Локов и Велјан Дојчинов освоија исто така прва награда во конкуренција на камерна музика, а во истата конкуренција учениците Митко Витанов и Кирил Ичков освоија втора награда.
Учениците од музичкото училиште „Боро Џони„ сега се подготвуваат за државниот натпревар кој ќе се одржи во мај, како и меѓународниот натпревар во Ниш.