Во клубот Деца на Сонцето на гости беа учениците од 3-г одделение од ООУ „Сандо Масев“ Струмица со својата наставничка Весна Митева.
Учениците и членовите на Деца на Сонцето за првпат се сретнаа со Новогодишната Инклузивна Боенка за која се погрижија од Куќа на Среќата.
Децата можеа да видат дека и лицата со попреченост се тука, живеат меѓу нас и дека и тие се радуваат на Новогодишната еуфорија, на елката и на Дедо Мраз.
Од клубот порачуваат дека секое дете заслужува да биде прифатено и среќно.