• Mon. Nov 25th, 2024

Учениците и професорите од СОУ „Димитар Влахов“ приредија гурманско уживање во чест на Светскиот ден на храната

ByЃ. K.

Oct 13, 2023

Вистинско уживање за сите гурмани денеска приредија учениците и нивните професори од СОУ „Димитар Влахов“, а во чест на претстојниот Светски ден на храната којшто се одбележува на 16 октомври.

На повеќе штандови во училишниот двор, презентираа повеќе видови храна подготвена од нивните вредни раце, но и производи од компании со коишто соработува училиштето.

Училиштето ја имаше честа да биде посетено и од светски прочуени мајстори на готвењето од интернационалниот гастрономски натпревар „Гастромак 2023“.

By Ѓ. K.