Учебната година да почне како и до сега на први септември но да се воведе пролетен распуст за учениците. Ова е еден од најприфатливите предлози за кои размислуваат во МОН, објави Сител. Треба да има вкупно 180 дена настава.
Според информации на Сител, стартот ќе биде на први септември, а учебната се планира да заврши на 15 јуни. Ќе се воведе и пролетен распуст. Сите овие датуми и предлози се прифатливи и за Сојузот на средношколци. Претставникот на средношколците вели, според искуството од европските земји, пролетниот распуст е нешто кое треба да се прифати, бидејќи тоа е период и кога се спремаат за завршните оценки.
Со оглед дека први септември е во петок, почетокот на учебната година би можел да биде и на 4 септември. Поради пролетниот распуст, зимскиот би бил скратен за два три дена. Министерот веќе остварил средби со претставници на сојузот и синдикатите, кои исто така изразија согласување за пролетен распуст и поместување на календарот за учебната година. До крајот на неделата од МОН најавија дека ќе има официјално одлука за календарот на новата учебна година.
Извор: Сител