44 годишната струмичанка која почина на транзитниот пат утрово ги вознемири жителите од околните стамбени објекти кои коментираат и сведочат за пребрзото возење на учесниците во сообраќајот на овој транзитен пат односно ул,,Климент Охридски,,.Велат дека речиси никој не го почитува сообраќајниот знак за дозволена брзина – 40 , се вози пребрзо.
Страотна сообраќајна несреќа се случи рано утрово во Струмица.Во 5 часот и 20 минути две струмичанки се обидувале туркајќи да го стартуваат нивното моторното возило а паралелно се движеле во коловозот.Во истиот момент се појавило ПМВ ,,Мерцедел Спринтер,,во истата коловозна лента.Струмичанките кои го забележале возилото притрчале кон другата стратна од патот.Возачот на мерцедесот сакајќи да ги избегне удрил во една од нив и од силата на ударот ја влечен неколку метри по коловозната лента.
Веднаш била повикана Итната медицинска помош а лекарите по укажаната лекарска помош констатирале повреди на главата и внатрешно крварење по што повредената веднаш починала.
Во страотната сообраќајна незгода со телесни повреди се здобила и сопатничката во мерцедесот З.Ф но по укажаната лекарска помош била пратена на домашно лекување.
Возачот кој го управувал мерцедесот е 42 годишен иот А.З од Струмица кој веднаш по несреќата е приведен во СВР Струмица.