Утре започнува пролетта
Оваа година, пролетта трае до 21 јуни во пет часот и 32 минути, односно 92 дена, 17 часа и 54 минути, по што – започнува летото! Иако досега сме навикнати пролетта да ја дочекуваме на 21 март, сосема е нормално датумот повремено да варира, и секогаш е еден ден пред да настапи пролетната рамнодневница.
Рамноденицата, кога денот и ноќта траат исто, настапува секоја пролет и секоја есен. Оваа година таа подрани еден ден, па така утре е денот кога денот и ноќта траат подеднакво, односно по 12 часа.