Во Europe House Струмица, утре 15 септември 2023 година, во 19:00 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на Соња Настовска, „Oслободени во боја”.
Инаку Настовска дипломира на Филозофски Факултет на катедрата по Историја на Уметност и Археологија, и на Факултетот за Ликовни Уметности на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
„Дојдете на отворањето на изложбата со вашите пријатели и блиски, заедно да одиме на едно патување низ нејзините мисли и чувства пренесени на платно“, се вели во објавата од организаторот.
Уметничките дела ќе бидат изложени до 3 октомври.