Утре три од четирите струмички одбојкарски клубови ќе играат пред своја публика во редовните првенствени кола. Први почнуваат Виктори Волеј кој дома го пречекува Работнички Скопје. Струмичанки само со победа може да се надеваат на пласман во плеј офот имајки во предвид дека Јанта има лесен противник. Мечот Виктори – Работнички е закажан во Партизан со почеток во 17 часот
Еден час подоцна девојките на Македонија Макс во салата при ООУ Видое Подгорец се среќаваат со Бами Кор од Тетово. Со оглед на распоредот на силите струмичанки ке нема проблем за победа
Најинтересно ќе биде во 19 часот. ОК Џио Струмица го пречекува тимот на Вардар што ќе преставува дерби. Овој меч место во салата Партизан ќе се игра во салата Парк каде струмичани ќе ги одиграт заостанатите првенствени и КУП мечеви