Уставен суд ќе го преиспитува законот за апанажа на разрешени јавни функционери и оние кои поднеле оставка. Иницијатива за преиспитување и оспорување на уставноста и законитоста на одредбите од законот за плата и други надоместоци на избрании именувани лица пред десет месеци ја поднесоа правници од Струга. Тие бараа целосно укинување на апанажата, како класна привилегија , но Уставен суд одби.
Принципот на еднаквост пред законот во конкретниот случај е целосно занемарен посочува Ќатоски . За каква еднаквост пред законот може да стане збор кога во еден правен поредок едни (носителите на законодавна и извршна функција) имаат право на исплата на плата и по завршување на нивниот работен ангажман, а други (обичниот работник) такво право немаат.
Нееднаквоста на слободите и правата помеѓу граѓаните во нашата држава од различна општествена положба негативно влијае и на правната сигурност. Правниците сметаат дека на овој начин се прави дискриминација по општествениот статус .