За време на полицискиот час, уништени се општински и приватни хортикултурни елементи, цвеќе и дрвја во строгиот центар на плоштадот во Гевгелија објави гевгелиски Комуналец. Од СВР Струмица потврдија за настанот и информираа дека се превземаат сите мерки за расветлување на случајот
,,Ве известуваме дека на ден 24.03.2020 година, во 08.30часот, по телефон во ПС ОН Гевгелија, од страна на директор на ЈП-Комуналец Гевгелија, пријавено е дека ноќта на 23/24.03.2020 година, од страна на НН лице/а оштетени се клупите и садниците на градскиот плоштад во Гевгелија, со тоа што истите се откорнати од жардињерии и фрлени на земја. ПС ОН Гевгелија во моментот работи на расветлување на пријавениот настан,, стои во известувањето од СВР Струмица