На 18 јули, 2020 година, во периодот од 20:40 до 20:50 часот, извршена е кражба на канистерот од дезинфекционата бариера која е поставена на патниот правец Негорци- Гевгелија. Снимките од извршената кражба се евидентирани од безбедносните камери кои се поставени во објект во близина. На снимките јасно се гледа како непознат сторител со возило и помош на приколка го носи канистерот. Oпштина Гевгелија поднесе кривична пријава за извршената кражба до ОВР- Гевгелија за истражување на случајот, пронаоѓање на сторителот на кривичното дело и негово соодветно санкционирање. Дезинфекционите бариери на двата влеза во Гевгелија, едната на влезот во Гевгелија, едната кај надвозникот, а другата на влезот од патниот правец Негорци-Гевгелија, беа поставени уште на почетокот на април, по појавениот прв случај на заболен од КОВИД-19 во Гевгелија. Бариерите беа поставени по одлуката на Општинскиот штаб за заштита и спасување како една од мерките за спречување на ширењето на Корона вирусот, а согласно Планот за дезинфекција на јавните површини како заштитна мерка од Корона вирусот.