Авганистанскиот радионовинар Елиас Даџи беше убиен денес кога експлодирала бомба прикачена на неговиот автомобил.
Во нападот се повредени уште три лица, вклучувајќи и едно дете, изјави портпаролот на гувернерот на покраината Хелманд, Омер Звак, пренесува АП.
Директорот на радио Азади, Сами Махди, на Твитер потврди дека неговиот колега и пријател Елиас Даи е убиен во терористички напад утрово.
Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот, кој се случи неколку дена по убиството на поранешниот водител на ТВ ТОЛО во Кабул.
извор: Макфакс