Синоќа во 23:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.А.(27) од Струмица.
Тој се сомничи дека околу 15:00 часот физички ја нападнал А.И.(63) од Струмица во нејзиниот дом и ѝ одзел пари и мобилен телефон, информираат од струмичката полиција.
Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.