• Fri. Nov 22nd, 2024

Уапсени двајца струмичани, насилно влегле и го претепале и ограбиле домаќинот

ByIvana Vangelova

Jun 20, 2023

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски службеници утрово уапсиле двајца струмичани, кои се осмничат дека со употреба на сила и тврди предмети влегле во куќата на друго лице кого физички го нападнале и му одзеле пари.

– Вчера во 14:00 часот и утрово во 04:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Ј.Д. (31) од Струмица и С.Д. (50) од струмичкото село Три Води. Тие се сомничат дека на 19 јуни 2023 околу 05:00 часот со употреба на сила и тврди предмети влегле во куќата на С.Н.(64) од Три Води, физички го нападнале и му одзеле пари. Двајцата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор, посочуваат од МВР.За настанот бил запознаен и јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава,информираат од Министерството.