Годинава дефинитивно тутунот е засаден на помалку површина за разлика од минатите година. Според проценките на здружението Јака ова индустриска култура е засадена на околу 1200 хектари во струмичкиот регион што е речиси за 30 % помалку од лани. Според Станчо Андонов неповолните временски услови но и катрастрофалата минатогодишна откупна цена допринесоа годинава да имаме помалку количини на тутун.Според Андонов намалените количини на тутун треба да допринесат за повисока откупна цена ова година, бидејќи ситуацијата е слична и во другите региони во државата.Во меѓувреме тече рокот за пријавување на сите заинтересирани лица за полагаат испити за добивање на лиценци за проценители.Огласот ќе трае до 30 септември. На секоја откупна вага, според законот, мора да има и по еден лиценциран проценител , претставник на здруженијата на тутунопроизводителите.