• Fri. Nov 22nd, 2024

Тројца струмичани ќе одговараат кривично за загадување на животната средина

Три лица од Струмица ќе заработат пријави за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата“, откако беа фатени во атарот на река ,,Тркања“  како горат кабли за да добијат бакар.  Полицијата заедно со општински комунални инспектори на Струмица, по пријава на граѓани излегле на терен и на лице место ги затекнале тројцата струмичани како од стари апарати ги гореле каблите при што создале чад подолг период.

,,Полициски службеници од СВР Струмица извршиле увид на место викано „Тркања“, атар на Струмица, каде претходно биле затекнати лицата У.Д.(18), Р.А.(18) и Е.Д.(26), сите од Струмица, кои гореле кабли. За настанот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Струмица  и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветна пријава поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата“ по член 218 од Кривичниот законик,, стои во известувањето од полицијата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *