Трошоците на животот во јуни годинава, во однос на јуни лани, бележат зголемување од 2.7 отсто, а цените на мало порасначле за 4.0 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Трошоците на животот во јуни во однос на мај се повисоки за 0.5, а цените на мало за 0.9 отсто.
Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 15.7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.8 %, маслото и маснотиите, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.7 %, рибата и морските плодови за 0.6 %, месото, млекото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.3 %, виното, пивото за 0.2 %.