• Fri. Nov 22nd, 2024

Трошоците на животот поголеми во септември годинава во однос на септември лани

ByЃ. K.

Oct 9, 2023

Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани, бележат зголемување од 6.6 %, а цените на мало од 4.7 %, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје и зеленчук, маслото и маснотиите, млекото.

Пораст на индексите во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај жестоките пијалаци, јајцата, виното, сирењето, месото, шеќерот, лебот и житата.

By Ѓ. K.