• Sat. Nov 23rd, 2024

Три злата за ,,Никола Карев,, а ,,Јане Сандански,, со злато, сребро и бронза од спортската гимназијада

ByВане Трајков

May 13, 2018

Ако се суди по епилоготна спортската гимназијада во Тетово, Струмица е доминантна во фудбалот и одбојката во машка и женска конкуренција а во врвот е и со ракометот и кошарката 

Машката и женската фудбалска екипа на СОУ,, Никола Карев,, се закитија со златни медали на спротската гимназијада што се одржа во Тетово. Во финалните натпревари  ги совладаа екипите на СОУ „Никола Стејн“ од Тетово со 4:2 и ДУФК „Методи Митевски – Брицо“ од Скопје со 6:1.

Струмица се покажа доминантен и во одбојката. Средношколската екипа на Никола Карев го освои златото а во женска конкуренција најдобри беа одбојкарките на СОУ ,, Јане Сандански,,.  

Ракометната екипа на СОУ Јане Сандански освои сребро додека кошаркарите од ова средно училиште бронза

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *