Здружението „Скај плус“ изработи документарен филм „Жртви на семејно насилство – жртви на системот“. Филмот се снимаше изминатите шест месеци а е финансиран од програмата V2 на општина Струмица.
Снимен е во копродукција со Тв канал Вис. Филмот ќе се промовира викендов во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, а наскоро се очекува и телевизиска премиера на Тв канал Вис.