Трет ден блокади на патот кај рудникот Иловица – Штука. И утрово во пет часот локални жители и активисти го блокирале пристапниот пат за да се спречат екипите на Еуромакс и струмичкиот музеј да ископуваат на локалитетот на Огражден.
Според изјавите на активистите на еколошките здруженија, утрото повторно не се појавиле археолозите и вработени во Еуромакс.