Поранешниот стратег на ФК Академија Пандев Југослав Тренчовски замина за Кувајт во Ал Араби, каде што ќе ја продолжи својата тренерска кариера. Творецот на „академците“ ќе работи како главен тренер на младинскиот тим на оваа екипа, а ќе биде и технички директор на младинските школи
„Условите за работа тука се одлични, а тренираме само навечер под рефлектори поради високите денски температури Моја цел ќе биде да ја реализирам клупската стратегија за што поголем број фудбалери од младинскиот погон кои во иднина би биле дел од сениорската екипа, каде што во моментов има дури петмина младинци. Ќе се обидам да помогнам во остварување добро пласмани во младинските категории, но главна цел ќе ни биде подигнување на физичките и тактички перформанси на талентираните деца“, вели Тренчовски.