Фудбалската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите фудбалери, тренери и екипи за 2016 година. Признанието за најдобар тренер во младинските категории отиде кај координаторот и тренер во ,,Академија Пандев,, – Југослав Тренчовски .
„Благодарам на ФФМ за признанието. Ова е најдрагото кое може да го добиете, од сите признанија, затоа што е признание за работа со младите категории. Голема благодарност на сите вклучени во работата во нашиот клуб и секако нашиот сопственик Горан Пандев“ – истакна Тренчовски.
Во Академија Пандев замина уште една награда од ФФМ. Во категоријата најдобар стрелец во младинска конкуренција, наградата ја понесе голгетерот на ,, пандевци,, Александар Мишов
Награда однесе и второлигашот Хоризонт Турново чија екипа беше прогласена за најдобра Фер плеј екипа во 2016.