На 2 декември (сабота) со почеток од 19:00 часот во Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се одржи седмата по ред манифестација „Убави сме, свои сме“.
Настанот е во организација на здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера”, зад кое стои Анче Туфекчиева, мајка на Верче, девојче со Даунов синдром. Таа е позната како голем активист и со години работи на прифаќање на различностите.
Концепиран како модна ревија настанот вклучува дечиња и лица со попреченост, кои се придружувани од личности од јавниот, културниот, политичкиот и општествениот сектор кои порачуваат дека сите ние сме дел од едно исто општество и ист свет, а со тоа ни следуваат еднакви можности.