Започна изградбата на дел од патот до „Топлик“.
Местото викано „Топлик“ има потенцијал да прерасне во рекреативен центар кој ќе го користат граѓаните на општина Гевгелија.
За таа намена изработен е основен проект за реализација.
Вкупна должина на патот е 560 метри во вредност од 851.439 денари.
За овој проект општината аплицираше на програмата за 2022 година ,,Пристап до земјоделско земјиште”, преку Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.