• Sat. Nov 23rd, 2024

Тивко и мрачно струмичкото корзо – кафулињата под клуч, струмичани дома

Струмичани ги испочитуваа забраните што попладнево ги објави министерот за здравство Венко Филипче. Невообичаено тивко и мрачно е на струмичкото корзо, но и во централните градски улици. Кафулињата затворени, малкумина минувачи се забележуваат низ Струмица. Ова се забележува од фотографиите што ги објави фотографот Иван Каратанов на својот фејзбук профил. на фотографиите што ги објави Каратанов се гледа група полицајци кои најверојатно контролираат дали се почитуваат мерките кои се изречени за спречување на ширењето на КОВИД –  19.

Бројката на заболени од коронавирус во државата е 9. Од нив седуммина се од Дебар, роднини и соседи на брачниот пар којшто се врати од патување од Италија. Осма е докторката Нина Цаца Биљановска којашто го донесе витусот од скиење во Италија, а нултата пациентка е 50 годишната скопјанка, којашто се врати од Италија по едномесечна посета на блиски роднини.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *