На 31.07.2023 во 08:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат во близина на село Белотино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Т.М.(28) и патничко возило „пасат“ со словенечки национални ознаки, управувано од П.С.(31), двајцата од село Рич, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.