• Thu. Nov 28th, 2024

Темели на новиот клинички центар до крајот на годинава

Од Владата денеска најавија дека до крај на мај ќе се знае колку ќе чини изградбата на новиот клинички центар, а во план е неговите темели да се стават до крајот на годинава.

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски изјави денеска дека клиничкиот центар ќе биде на пет нивоа на вкупна површина од 102 илјади метри квадратни, ќе има околу 1.300 болнички легла, 20 операциони сали, четири ангиографски сали, 65 амбуланти за специјалистичко-консултативни дејности.

„Приоритет на Владата и на Министерството за здравство е изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем за здравствена заштита кој ќе обезбеди беспрекорни услуги на граѓаните, како и врвни услови за работа на медицинскиот кадар“, истакна Бошњаковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *