Состојбите во текстилниот сектор остануваат алармантни и неопходна е едукација и информација на текстилните работници за заштита од трудовата едукација, констатираат од невладиното здружение „Достоинствен работник“ кое во Прилеп ја организираше тркалезнатаа маса, почеток на проектот „Не биди роб, информирај се за своите работнички права“. Работилницата беше со теркстилците, трудовиот инспекторат, кластерот за текстил со адовокатите. Според државниот трудов инспектор Моника Митровска Костовска, најзагрозени се работничките права во текстилната, кожарската индустрија, во угоистителството, земјоделството. Има многу пријави и состојбата е алармантна, рече, во текстилниот сектор. -Во текстилната индустрија најчести прекршувања на правата од работен однос се: работа на црно, зашто работодавците ги држат работниците непријавени, без договор за вработување, без да ги осигураат, ги држат подолго од полното работно време, не им овозможуваат користење на годишен одмор, ниту пак дневен или неделен одмор, доцнат со исплата на платите. Ситуацијата е доста алармантна, секојдневно имаме поплаки, секојдневно сме на теренот, вели Митровска Костовска која денеска ја презентираше темата „Жените на пазарот на трудот и мерките против трудовата експлоатација“.
Тркалезна маса: Текстилците да се заштита од трудова екплоатација | opserver.mk